четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 187
home Скопје

ФОТО: На сметка на Градот Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори

ФОТО: На сметка на Градот Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони… се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објави порталот МКД.мк.

Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

И Владимир Симоновски командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај.

Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст.

Извор: МКД.мк

Коронавирус