Краткотрајниот дожд во Скопје предизвикаа поплави во повеќе населени места. До редакцијата на Курир беа испратени фотографии од скопската населба Автокоманда, каде може да се види дека улиците се поплавени и е отежнат сообраќајот.
Граѓаните коментираат дека за ова е виновна општината која дозволила да дојде до ова поради лошото одржување на атмосферската канализација. Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.