сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Скопје

„Флора VS Фауна“ – изложба на современ накит

„Флора VS Фауна“ – изложба на современ накит

Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј од денеска до 30 септември, од 9 до 16 часот.

Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.

– Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.

МИА

Коронавирус