вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 124
home Скопје

Еве како ќе сообраќаат автобуските линии 19 и 20 викендов

Еве како ќе сообраќаат автобуските линии 19 и 20 викендов

Поради изведување градежни работи, улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, од утре од 22 часот до 5 часот во недела ќе биде затворена за сообраќај, а во посочениот период автобуските линии 19 и 20 ќе функционираат по изменет режим од вообичаениот, информираат од ЈПС- Скопје.

Автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), па по булевар „Босна и Херцеговина“, преку улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари.
По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки.

Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско поле, па по улица „Лазар Трповски“, булеварите „Босна и Херцеговина“, „Македонско косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ до Топанско поле-Треска.

Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса.