вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 77
home Скопје

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Центарот за јавно здравје го почна спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата територија на Општината.

Акцијата почна минатата недела и ќе трае во наредните три недели.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината.

Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите.