недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Експертите бараат затворање на Скопје за нови жители

Експертите бараат затворање на Скопје за нови жители

Градот Скопје потребно е многу посериозно да се позанимава со својот одржлив развој и да не ги реализира своите постојни ресурси без претходно да бидат изработени соодветни студии и план, со цел зачувување на ресурсите за идните генерации вели поранешниот главен градски архитект, Никола Велковски.

Со досегашниот однос кон планирањето на просторот, со постојната голема густина на населеност, Велковски потенцира дека веќе се расипува квалитетот на живот на сите граѓани од многу аспекти, како квалитет на просторот, возниот сообраќај, зелени површини, просторот за спорт и рекреација како и воздухот. Затоа потребно е да се размислува за развивање на потенцијалите на останатите градови и општини а не се да е сконцентрирано во главниот град на земјава.

– Принципите на децентрализацијата ќе ги подобрат шансите да обезбедиме услови за квалитетен живот и вработување под еднакви услови на цела територија на земјава, и најважно, ќе ги задржиме граѓаните да живеат и работат во своите градови и населени места, со што драстично ќе се намали потребата од концентрација на граѓаните во главниот град и изградба на големи комплекси за живеење на цела територија на градот вклучувајќи го тука и делот на Расадник во населбата Кисела вода кој моментално е актуелна тема на расправа во јавноста и медиумите, вели Никола Велковски, поранешен главен градски архитект за ТВ24.