недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 20
home Скопје

Екологистите бараат одговор од Владата за гасоводот што треба да минува низ Парк шумата Водно

Екологистите бараат одговор од Владата за гасоводот што треба да минува низ Парк шумата Водно

Група еколошки здруженија и граѓански иницијативи денеска преку соопштение реагираат на одлуката гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар да продолжи да се гради по истата траса, низ Парк шумата Водно. Очекуваат одговор од Владата за ова прашање.

– По повод вчерашната објава на изјавата на директорот на МЕР каде Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ Парк шумата Водно, со неколку измени и мерки, очекуваме јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да мине низ Парк шума Водно, донесена на владина седница, се вели во соопштението од еколошките здруженија и граѓански иницијативи.

Според нив, последниот официјален став на Владата познат на јавноста е од 27 март 2018 година. Тогаш беа задолжени  Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и МЕР да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно.

Соопштението е од граѓанските иницијативи и здруженија: Го сакам Водно, О2 Коалиција, Стоп на загадувањето, Спас за Водно, Зелено Тафталиџе, ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, ФРОНТ 21/42, МТБ Оксижен, I love hiking, Гоу Грин, Грин Пауер, Скопје Смог Аларм, Билка, Плоштад Слобода, Еко Свест, Сакаме Аеродром да дише. 

Коронавирус