понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Скопје

Екипи на ЈП Водовод и канализација го санираат дефектот во Козле

Екипи на ЈП Водовод и канализација го санираат дефектот во Козле

Санацијата на уличниот дефект од Ф-350 мм на улицата „Козле“ бб, кај црквата „Свети Јован“ во скопската населба Козле, се продолжи поради тешките теренски услови, сложеноста на дефектот и временските услови, кои го прават местото на дефектот небезбедно за работа, информира во саботата вечера Јавното претпријатеи „Водовод и канализација“.

Поради сложените услови едно лице кое работеше на санацијата се здоби со мала повреда, инфомираат од јавното претпријатие.

Прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Козле“, „Миле Поп Јорданов“, „Стогово“ и дел од улицата „Рузвелтова“, а поради празнење на водоводниот систем, пумпената станица Козле е исклучена во 17:00 часот, при што населбите Жданец, Трнодол и Нерези остануваат без вода до санирање на дефектот.

Екипите на „Водовод и канализација“  Скопје кои се на терен, прават напори да се санира дефектот најбрзо што може. Се очекува тоа да биде во доцните ноќни часови.

Исто така, обезбедени се и две цистерни со питка вода за граѓаните кои кружат, првата во Трнодол, Жданец и Нерези, а втората во населба Козле.

Од ЈП „Водовод и канализација“ во известувањето до корисниците упатуваат извинување за непријатностите кои ги имаате и се надеваме на нивно разбирање за напорите коишто ги преземаат.

Коронавирус