недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

ЕДНО ВОЗЕЊЕ ОД СЕПТЕМВРИ: Автобускиот билет ќе биде електронски хартиен со вграден чип, цената и местото за набавка се уште непознати

ЕДНО ВОЗЕЊЕ ОД СЕПТЕМВРИ: Автобускиот билет ќе биде електронски хартиен со вграден чип, цената и местото за набавка се уште непознати

Од сепември граѓаните, но и туристите ќе може да се снабдат со автобуски билет за едно возење.

Цената за овој билет се уште не е одредена и за ова се чека зелено светло од Советот на Град Скопје, кој исто така треба да одреди каде ќе можат граѓаните да го купат овој билет- дали кај шоферот или други продажни станици, велат за КУРИР од ЈСП- Скопје и појаснуваат дека картичката за едно возење всушност ќе биде електронски хартиен билет со вграден чип.

Исто така, на излезните врати ќе бидат поставени валидатори и со ова се очекува да се елиминираат гужвите во влезната врата на автобусите.

Новитет ќе биде и новата апликација која ќе овозможи дополнување на „скопска“, активирање на плаќање, преглед на сметка, листа на активни билети со времетраење. Преку оваа апликација за смарт телефоните со „Андроид“ оперативен систем, граѓаните ќе бидат во можност да го планираат возењето, да видат до каде е автобусот итн.