среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Скопје

Едни бараат зеленило, други сакаат згради: Судир на протестите во Кисела Вода

Едни бараат зеленило, други сакаат згради: Судир на протестите во Кисела Вода

Жителите на Расадник во Кисела Вода денеска излегоа на протест против како што велат „бетонизација на Расадник”. Лазе Трипков од Иницијативата за хумано домување во Расадник за Слободен печат вели дека е разочарувачки фактот што во новиот ДУП зголемена е катноста на објектите кои треба да се градат.

-Сакаме да се слушне нашиот глас, ние сме против изградба на нови 99 згради во Расадник. Со изградбата на зградите ќе се зголеми бројот на жители, а драстично ќе се намали провевов кој доаѓа од Водно, и помага во расчостување на воздухот во најзагадените месеци, вели Трипков.

Истовремено се случи и контрапротест во организација на сопствениците на парцели во Расадник, кои земјиштето го добиле со денационализација Ванчо Насков, еден од сопствениците на парцели вели дека не сакаат ништо повеќе освен реализација на ДУПот во кој се предвидува изградбата на 99те згради, пренесе Слободен печат.

-Ова е наша земја, ние сме тука со поколенија. За имотот плаќаме данок и затоа сакаме да се изгради. На моето земјиште е предвидено да се изградат згради, но јас имам отстапено простор и за пат и за зеленило. Но сакам да се изградат згради за да обезбедам нешто и за моите поколенија, вели Насков.

Коронавирус