недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Скопје

Е-конвој и е-полигон во Скопје

Е-конвој и е-полигон во Скопје

Новите технологи во мобилноста веќе се присутни во нашата држава, но треба да најдеме сили да станат подостапни за граѓаните преку директни субвенции од власта. Оваа порака денеска ја упати Оливер Велковски од организацијата за електрични возила „Е-мобилност Македонија“ во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018.

Тој информира дека веќе петта година континуирано со Град Скопје го организираат електричниот полигон, наменет за едукација на основци и средношколци за новите технологии во мобилноста.

– Електричниот полигон оваа година го збогативме со уште еден настан кој го нарековме електричен конвој, каде сите возила од електричниот полигон преку ревијално возење се упатија низ градските улици без директно да го загадуваме воздухот во градот, рече Велковски. Додаде дека е потребно да се овозможат бесплатни патарини, паркинзи, да се направи коридор од брзи полначи, а увозните давачки да бидат помали.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов изјави дека е-мобилноста е иднината и додаде оти преземаат се што е во нивна надлежност за да ги стимулираат граѓаните. Поставени се полначи за електрични автомобили, ги стимулираат граѓаните да купат, да употребауваат ваков тип автомобили за кои има и бесплатен паркинг. Шилегов рече дека скопјани се возат во првиот електричен автобус

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Петер Штефан најави дека одлучиле да инвестираат во инфраструктурата и во наредниот период планираат да постават повеќе од 30 електричнин полначи во секој поголем град низ државата.

Главниот извршен директор на Македонски телеком Никола Љушев изјави дека како најголем телекомуникациски оператор во Македонија, имаат капацитет и должност да бидат партнер на државата во дигитализацијата на градовите. Изрази дека наскоро ќе имаат заеднички проекти со градските власти.

(Миа)

Коронавирус