петок, 14. мај 2021. Вести денес: 103
home Скопје

Двојно повеќе пари за „госпоѓа министерка“: Богоев одвои 400.000 денари за проект на сопругата на Роберт Поповски

Проектот и денеска го води истата личност, на која актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, на сопругата на својот сопартиец и додели двојно повеќе, односно „госпоѓа министерка“ доби 400.000 денари за „10-ка за Карпош“.
Двојно повеќе пари за „госпоѓа министерка“: Богоев одвои 400.000 денари за проект на сопругата на Роберт Поповски

Проектот „10-ка за Карпош“ е наменет за сите десет училишта на територијата на oпштината и има за цел да ги актуелизира и поттикне сите креативни активности кои се случуваат во училиштата, при што, во фокусот е ставен ентузијазмот на самите наставници  во соработка со учениците и родителите.

Креатор и раководител на овој проект е Рената Поповска, сопруга на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Кога проектот започнал во 2012-та година, Поповска земала 200.000 денари за негова реализација од општината.

Проектот и денеска го води истата личност, на која актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, на сопругата на својот сопартиец и додели двојно повеќе, односно „госпоѓа министерка“ доби 400.000 денари за „10-ка за Карпош“.

Ист проект, ист број на училишта, иста општина, исти цели на проектот, но двојно повеќе пари за негова реализација. Поповска од џебот на граѓаните на Карпош, за една година ќе земе пари како што досега земала за две години.

 

Коронавирус