сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Две лица повредени откако се запали стан во Кисела Вода, ова се првичните информации

Две лица повредени откако се запали стан во Кисела Вода, ова се првичните информации

Изби пожар во стан во населбата Кисела Вода. Извори на ММС велат дека гори стан на улица „Антон Попов“, а во него во моментот на пожарот биле две лица, кои се повредени и се пренесуваат во Клиниката „Мајка Тереза“.

Според очевидци како причина за пожарот се наведува заборен уклучен шпорет.

Од противпожарната единица Скопје за ММС велат дека нивните екипи се на терен, пожарот и изгаснат и се расчистува.

– Нема голема штета. Викнавме превентивно Браза Помош, бидејќи имаше многу чад. Повеќе детали кога ќе се вратат колегите од терен, велат тие.

Коронавирус