среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

„Две години крадоначалник Шилегов, две години назадување, криминал и измами“

„Две години крадоначалник Шилегов, две години назадување, криминал и измами“

Петре Шилегов нема никаков отчет за сработеното, тоа е од едноставна причина бидејќи над 90 проценти од ветувањата не му се исполнети. Поминуваат полни две години, а Шилегов се крие да даде отчет бидејќи освен криминал и измами нема направено ништо за Скопјани. За време на Шилегов Скопје стана неславен рекордер во светот по загадениот воздух. 2.000 луѓе годишно умираат поради загадувањето, стои во соопштението до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

Оттаму додаваат дека нема ниту еден проект кој Шилегов го планираше, проектираше и отпочна со реализација.

„Додека реконструкцијата на улиците стана извор на корупција од која најплатени се струмичките компании блиски до власта. Шилегов не прави отчет затоа што ништо не сработи. Нема отчет зошто нема ништо од ветувањата за продолжување на Илинденска, кружен тек кај „Мавровка“, продолжување на „Словенечка“, шеталиште кај Кејот до ГТЦ наместо автопат, нов Луна Парк, но затоа имаше скапа прослава за нова автобуска кај ГТЦ и никна бетонски ѕид на кровот на ГТЦ. Го повикуваме јавно на прес конференција да објави што вети и што несработи, да каже колку ги излажа скопјани и зошто е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.“

Коронавирус