петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Две автобуски линии на ЈСП до СЦ „Борис Трајковски“ за време на Саемот на мебел

Две автобуски линии на ЈСП до СЦ „Борис Трајковски“ за време на Саемот на мебел

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека од утре до недела (14 октомври), за времетраењето на Саемот на мебел,  во редовниот градски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии, со броеви: 100 и 200, кои ќе сообраќаат до Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. Поаѓањата од Ново Лисиче ќе бидат во термините: 11.00, 12.20, 13.40, 16.00, 16.20 и во 17.40 часот, а од СЦ „Борис Трајковски“ кон Ново Лисиче во: 11.40, 13.00, 14.20, 15.40, 17.00 и во 18.20 часот.

Автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно. Поаѓањата од Дексион во седумте саемски дена ќе бидат во 11.20, 12.40, 14.00, 15.20, 16.40 и во 18.00 часот, а од СЦ „Борис Трајковски“ кон Дексион во 12.00, 13.20, 14.40, 16.00, 17.20 и во 18.40 часот.

Според претпријатието за јавен градски превоз, двете автобуски линии ќе им го олеснат пристапот на посетителите до саемската манифестација.

Коронавирус