понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 4
home Скопје

Драчево доби нова река- граѓаните прашуваат дали имаат градоначалник? (ФОТО)

Драчево доби нова река- граѓаните прашуваат дали имаат градоначалник? (ФОТО)

Еден краткотраен пороен дожд го претвори Скопје во Венеција, такви се најголемиот број од коментарите на граѓаните на социјалните.Дождот кој не траеше повеќе од 10 до 15 минути предизвика вистински хаос во Скопје, на многу места во градот има паднати дрва, а има и коли уништени токму поради паднатите дрва, голем број улици и булевари почнаа да личат на реки по дождот кој заврна во главниот град на Република Македонија.

Еден таков пример имаме и во Драчево, каде една улица навистина личи на река. На социјалните мрежи жител кој живее на таа улица вели дека населбата има нова река и прашува дали тие имаат градоначалник.

-Имаме ли ние градоначалник или немаме? Ова е новата река во Драчево, баш кај мене пред куќа, пишува еден жител на Драчево на Фејсбук.