недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Дождот ја избриша белата боја со која неодамна беа обележани пешачките премини на Партизанска

Дождот ја избриша белата боја со која неодамна беа обележани пешачките премини на Партизанска

Првиот дожд кој вчера падна во Скопје, ја однесе белата боја со која неодамна беа обележани пешачките премини на булеварот Партизански одреди.

Фотографиите објавени во групата “Ѕид на сообраќаен срам„ сведочат дека по само еден месец од бојадисувањето пешачките премини се избледени, а бојата веќе ја нема.

Граѓаните нервозно коментираат дека наместо квалитетна боја, градот набавува евтина боја и дека последиците се од неквалитетно завршена работа.