петок, 25. септември 2020. Вести денес: 173
home Скопје

ДОЖД, ГРАД И СИЛЕН ВЕТЕР ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ- УХМР веќе го вклучи алармот, еве ги деталите (ФОТО)

ДОЖД, ГРАД И СИЛЕН ВЕТЕР ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ- УХМР веќе го вклучи алармот, еве ги деталите (ФОТО)

Силно невреме со пороен дожд, град, ветер и грмежи го зафати Скопје.

УХМР предупредува и дека од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локалноќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Коронавирус