среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 180
home Скопје

Дополнителен број автобуси за Задушница

Дополнителен број автобуси за Задушница

Во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, петок (1.11.2019 година) и во сабота (2.11.2019 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Дополнителни информации можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.