четврток, 25. април 2019. Вести денес: 9
home Скопје

Доцнењето на аерозапрашувањето ги наполни амбулантите

Доцнењето на аерозапрашувањето ги наполни амбулантите

Инвазија од комарци во Скопје. Здодевните мали инсекти деновиве предизвикаа големи отоци и непрекинато чешање, а  дел од нив ги одведе на доктор.

Кожниот доктор Дејан Филиповиќ за Канал 5 вели дека се зголемил бројот на пациенти со отоци од каснување на комарец.

Граѓаните велат дека не може да се излезат надвор на прошетка без претходна подоготовка од мачкање на креми и прскање со спрејови против комарци. Велат оваа година најмногу има комарци.

Од Град Скопје со кратко соопштение дека се прскало  за комарци и доколку времето дозволи ќе продолжи прскањето. Пчеларите навреме да превземат мерки.

Во писмено соопштение до Канал 5 за причините за доцнењето се процедурални и административни  причини, поточно поради спроведување на јавната набавка , како и потребата да поминат сите рокови за доставени жалби.

Во текот на адмнистративната постапка, беше побарано дополнително мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето.

Доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање требало да биде во март, кога комарците се ларви, а во овој период првото прскање да биде во терминот кога треба да биде третото прскање ларвите комарци станале авиони боинг.

Од институтот велат дека акминистративните процедури се прпуст на градот и дека имало време навреме да се започнат сите постапки.

Извор: Канал 5