петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 84
home Скопје

ДОАЃА ПАПАТА: Центарци заборавете на автомобили на 7 мај, бесплатен превоз во ЈСП за сите, без лична карта не излегувајте од дома!

ДОАЃА ПАПАТА: Центарци заборавете на автомобили на 7 мај, бесплатен превоз во ЈСП за сите, без лична карта не излегувајте од дома!

Од Владата  апелираат граѓаните навреме да го планираат времето за движење во центарот на Скопје во тек на посетата на папата Франциск во вторник следната недела и истакнуваат дека движењето за пешаците ќе биде непречено, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека се обезбедени сите  услови за непречено одење на работа и за функционирање и на јавниот и на приватниот сектор со оглед дека 7 мај е работен ден.

Во центарот на Скопје во вторник од шест до 19 часот ќе има забрани и ограничувања во сообраќајот кој ќе се пренасочува по бул. „Кочо Рацин“,  „11. Октомври“,  „Свети Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Партизански одреди“, „Самоилова“ и бул. „Гоце Делчев“.

Граѓаните кои живеат  во централното градско подрачје доколку сакаат да ги користат  своите возила на 7 мај треба да ги изнесат претходниот ден надвор од главната зона затоа што тој ден не ќе можат.

Бошњаковски апелираше сите граѓани кои живеат на територијата на град Скопје да користат градски автобуски превоз којшто тој ден ќе биде бесплатен за сите.

-За сите граѓани движењето пеш низ Скопје ќе биде непречено,  без разлика каде живеат и каде работат. Сите граѓани кои работат во центарот Скопје кој ќе биде затворен за сообраќај ќе можат непречено да влегуваат без разлика дали одат или не на  миса, што значи дека движењето е непречено. Потребно е да имаат лична карта за идентификација и бидејќи е отежнато севкупното движење да го испланираат времето  и да тргнат половина час порано на работа  или каде  било и да  се упатуваат. Ќе им биде поребно подолго време да пристигнат, но непречено ќе се движат, рече Бошњаковски.

Бесплатните билети за следење на миста се наменети за сите граѓани без разлика на вероисповеста и можат да се подигнат во католичките парохии.

Коронавирус