сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Скопје

До Припор и Сопиште во следните 10 дена по споредна улица, се затвора патот за сообраќај кај Енергосистем

До Припор и Сопиште во следните 10 дена по споредна улица, се затвора патот за сообраќај кај Енергосистем

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска (12.09.2019 година, четврток), па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица Христо Татарчев, на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек.

Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на Енергосистем).

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.