четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Директорот на ЈСП се правда за итната набавка на електронски картички (ВИДЕО)

Директорот на ЈСП се правда за итната набавка на електронски картички (ВИДЕО)

Потребата од итна набавка на нови електронски картички била главна причина што ЈСП Скопје не распишале тендер и постапката за договорот вреден 78 илјади евра се водела со преговарање во кое учествувале три понудувачи, се правдаат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Фирмите „Идкардс“ и „Ит плус смарт консалтинг“, се формирани од едно исто лице и лоцирани на неговата домашна адреса. Само еден месец по формирањето, тие стануваат извршители на бизнис во вредност од 200.000 евра.

Прво добија бизнис зделка за набавка на електронски картички за возење.

Директорот на ЈСП, Кристијан Чушков, одговори на новинарско прашање, како е стапено во контакт со оваа фирма.

-Нашиот сектор за јавни набавки ги има консултурано и побарано, и се пријавиле. Самите се имаат пријавено, рече тој.

Запрашан дали е објавен договорот за Идкардс, тој не знаеше точно да одговори, па рече дека мисли дека истото е направено вчера или денес.

-Во текот на постапката, согласно законот, сме немале обврска да ги споредуваме адресите на кои биле основани овие фирми. Но, дури и да сме ги споределе адресите, согласно закон сме немале право да ги дисквалификуваме фирмите поради тоа што биле основани на иста адреса, рече Чушков.

Директорот на ЈСП да биде разрешен, тендерот поништен, а органите да покренат истрага за сомненијата за криминал од 200.000 евра, барат од ВМРО ДПМНЕ.

Коронавирус