четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 25
home Скопје

Директорите на ТАВ Македонија ќе влезат во „чевлите“ на вработените, за почеток растовараат авион (ВИДЕО)

Директорите на ТАВ Македонија ќе влезат во „чевлите“ на вработените, за почеток растовараат авион (ВИДЕО)

Директорите на ТАВ Македонија го растовараат авионот, а во иднина ќе ги пробаат и другите професии на вработените.

Меѓународниот Аеродром Скопје почнува серија од видеа, во кои топ-менаџерите на компанијата „ќе влезат во чевлите на вработените”.

„Работејќи на различни работни позиции, директорите ќе се обидат да ги разберат секојдневните задачи на вработените, истовремено презентирајќи ѝ ги на јавноста процесите на аеродромот.

Во ова видео се Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој и Координаторот на Аеродромите во Скопје и Охрид, Неџат Курт.
Следете нè“!-велат од таму.