сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 50
home Скопје

ДИК потврди: Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Кисела Вода

ДИК потврди: Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Кисела Вода

Државата изборна комисија денеска потврди дека на локалните избори одржани на 17 октомври во првиот круг за градоначалник на Општина Кисела Вода е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Потврдата пристигнува по завршување на сите постапки по однесените приговори за гласањето.

Согласно тоа, ДИК потврдува дека новиот градоначалник на Кисела Вода е Ѓорѓиевски.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски истакна дека по завршување на постапката со приговорите за градоначалник на Општина Планица избран е Алија Јаоски од ДУИ.

Коронавирус