недела, 20. септември 2020. Вести денес: 36
home Скопје

Дете од скопска градинка позитивно на Ковид-19

Дете од скопска градинка позитивно на Ковид-19

Прв случај на дете од градинка позитивно на Ковид 19. Информацијата за заразено дете од скопска градинка ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика.

Родителите позитивниот тест го добиле вчера, а утринава во градинката согласно протоколите бил направен и епидемиолошки надзор. Во изолација ќе оди групата кај што било детето.

Инаку изминатите денови беа регистрирани и два случаи на заразени вработени во градинки, една во Скопје и една во Битола.

Коронавирус