понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 50
home Скопје

Денес посебен сообраќаен режим- овие улици ќе бидат пренасочени

Денес посебен сообраќаен режим- овие улици ќе бидат пренасочени

Поради посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерството за внатрешни работи информираше за времен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во Скопје. Според информации на Скопје Инфо времениот сообраќаен режим ќе се спроведува на сообраќајниците кои водат од скопскиот аеродром, преку населбата Автокоманда до зградата на Владата на Република Македонија.

По завршувањето на средбата планиран е ручек во елитен скопски ресторан во населбата Капиштец во чија близина ќе бидат пренасочени локалните улици.

Времениот сообраќаен режим ќе заврши во 20 часот кога е планирано заминување на грчкиот премиер.

Коронавирус