понеделник, 25. март 2019. Вести денес: 61
home Скопје

Демант од Град Скопје

Демант од Град Скопје

Град Скопје реагира на објавените информации на Вашиот медиум околу неисчестениот снег на улици кои се наоѓаат во општина Сопиште.

Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа општина, согласно Законот за Град Скопје се наоѓа надвор од Скопје, поточно не се наоѓа на територија на градот, а со тоа и автоматски Град Скопје нема никаква надлежност во одржувањето и чистењето на овие сообраќајници.

Дополнително, Зимската служба на Град Скопје е надлежна за чистење на јавните површини и плоштадите, како и магистралните сообраќајници кои се во надлежност на Градот, додека за чистењето на останатите јавни површини и помали улици надлежни се соодветните општини. За расчистување на просторот пред објектите и нивните приоди задолжени се граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата.

Зимската служба на Град Скопје е активна од 15 ноември и интервенира на територијата на град Скопје секогаш кога ќе се појави потреба. Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4 000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува  4 500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт.

Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. И оваа сезона Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужуваат перманентно во текот на целата сезона.

Интегрален текст од демантот на Град Скопје