понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 275
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Скопје

Демант на општина Центар

Демант на општина Центар

Во врска со веста “Во општина Центар двајца заразени, тројца во самоизолација, секторот за урбанизам не работи”, дозволи ми едно мало појаснување.

Имено, Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање во Општина Центар, но и другите сектори во општината (со исклучок на архивата) од самиот почеток на состојбата со коронавирусот во државата, одлучија да не работат со странки. Тоа е така за да се намали ризикот од заразување како на вработените, така и на странките кои доаѓаат во општината.

Од насловот на веста, лесно се стекнува впечаток дека Секторот за урбанизам воопшто не работи поради 2-цата заразени колеги, што не е точно и создава забуна кај читателите. Едната колешка е корисник на мерките предложени од владата, а сите тестови на колегите кои беа во непосреден контакт со секретарот на општината се негативни.

Секторите во општината функционираат со предвидената динамика и ги спроведуваат активностите од секторските програми за работа. Единствено, не работат со странки и сите странки се упатуваат своите барања да ги достават во архивата.

Оттука, во име на точното информирање, би ценел доколку се изврши корекција во насловот за да не настане дополнителна забуна кај граѓаните.

Интегрален текст од демантот на општина Ценатар

Парламентарни избори 2020