петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Скопје

Делови од Сопиште и Кисела Вода утре без струја, улици во Центар ќе останат без вода

Делови од Сопиште и Кисела Вода утре без струја, улици во Центар ќе останат без вода

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека, на ден 26.12.2017 година (вторник), заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:

  • од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од с. Сопиште, (во околината на училиштето).  (Општина Сопиште)
  • од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од населба Тефериџ, дел од населба Припор, дел од ул. Христо , (подулица бр. 14) и дел од с. Сопиште, ( улици бр. 20, бр. 22, бр. 23 и бр. 29 ).  (Општина Сопиште и Општина Кисела Вода )
  • од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. 467 дел од ул. Михаил Ефтихиј,  дел од ул. Вера Јоциќ, дел од ул. Ѓорѓи Димитров и  дел од ул. Народни Херои. (Општина Кисела Вода)

Од ЈП Водовод и канализација добиени се следните известувања:

  • Поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа со пречник од  Ф-150 мм на ул.Караорман бр. 2, од 09:00 до 15:30 часот прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците од  дел од улиците: Караорман, Загребска, Леринска и Ловќенска.  (Општина Центар)
  • Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.Аминта Трети бр. 31,  од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.Аминта Трети. (Општина Центар)