среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 138
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

Делови од Скопје ќе останат без вода и струја во следниве два дена

Делови од Скопје ќе останат без вода и струја во следниве два дена

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје,  по добиеното известување од ЕВН,   ги известува граѓаните дека:

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 23.06.2022 година (четврток)  :

  • од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
  • од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од нас. Белви, мотел Белви и сите стопански објекти во посочениот реон. (Oпштина Илинден)
  • од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од од објектите во околината на Бензинска пумпа – Дет Оил  на  ул. Перо Наков бб. (Oпштина  Гази Баба)
  • од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Кучково. (Oпштина Ѓорче Петров)

 

на ден 24.06.2022 година (  петок )  :

  • од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџипанзова во нас.Драчево. (Oпштина Кисела Вода)

 

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација,   ги известува граѓаните дека:

на ден 23.06.2022 година, (четврток )

  • Поради технички зафати во водоводната мрежа, (изведување на приклучок), на ул.  ул. Панче Пешев бр. 7б,  од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Панче Пешев, Римска , Бахар Моис, дел од Атинска, дел од Анкарска, Наум Евро и Њуделхиска. (Општина Карпош)

 

Коронавирус