понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 155
home Скопје

Делови од седум скопски општини утре без струја

Делови од седум скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД,  известува дека на ден 01.11.2019 година  ( петок ) без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

– во периодот од 04.00 до 06.00 часот, корисниците од село Арачиново ( општина Арачиново ), објектите на Суташ, Белимбегово и Белви, корисниците од населените места Илинден и Бела Земја ( општина Илинден ) како и корисниците од селата Јурумлери и Стајковци. ( општина Гази Баба )

– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр.72 и ул. Орце Николов бр.93 и бр.95. ( општина Центар )

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улица Христо Чернопеев, како и корисниците од околните улички. ( општина Кисела Вода )

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Востаничка бр.59 ( општина Кисела Вода ) и пумпите за водовод во село Волково. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Теодосиј Синаитски од бр,1 до бр.7. ( општина Карпош )

– во периодот од 11.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Петар Дељан бр.2. ( општина Кисела Вода )

– во периодот од 12.30 до 15.00 часот, објектот на дирекцијата Бетон, како и корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17 влез 1 и Васил Ѓоргов бр.26 и бр.47 – Центар за рехабилитација. ( општина Карпош )

Коронавирус