сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат неколку општини.

– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците: Ѓоре Ѓоревски, Радишанска, Боро Кралевски, Киро Димишков, Скоевска, Петко Јанчевски, Симче Настевски, АФЖ и 1558, дел од корисниците од ул. Бутелска, како и објектот на детската градинка и ТЦ Радишани. ( општина Бутел )

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Бела Краина, дел од корисниците од улиците Франц Розман и Генерал Михајло Апостолски. ( општина Карпош ) , како и дел од корисниците од село Бањани. ( општина Чучер Сандево )

– во периодот од 09.15 до 16.00 часот, корисниците од селата Рамни Габер, Вртекица и Пагаруша ( општина Студеничани ), додека краткотрајни прекини околу почетокот и крајот на дадениот временски период ќе имаат корисниците од селата Долно и Горно Количани, Црвена Вода, Палиград, Мала Река, Алдици, Драчевица и Цветово, како и објектите на АРМ и МВР на Караџица. ( општина Студеничани )