петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.06.2021 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, објектите лоцирани на ул.Тале Христов бр.3 (сите влезови), трговскиот центар во нас.Скопје Север и мал дел од улицата Лазо Москов. ( општина Бутел );
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Лазо Поп Трајков од бројот 6 до бројот 27, реонот помеѓу улиците: Лазо Поп Трајков и Ташко Караџа, корисниците од улицата Ташко Караџа броевите 5 и 10 и ул. Христо Ботев. ( општина Гази Баба );
– во периодот од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од улицата Гемиџиска, делот кај детската градинка, делот кај ОУ „Глигор Прличев“ и улицата Гемиџиска. ( општина Гази Баба);
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел на ул. Стрезово. ( општина Карпош );
– во периодот од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од селата: Арнакија, Семениште, Ласкарци, Буковиќ, Паничари, Раовиќ и Чајлане и Наплатната рампа во Ласкарци. ( општина Сарај );
– во периодот од 10:00 до 16:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев бр.20 и делот на истата улица спроти училиштето во Припор. ( општина Кисела Вода );

Коронавирус