сабота, 15. август 2020. Вести денес: 54
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека за ден 02.07.2020 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 04.30 до 05.00 часот, поголем дел од централното градско подрачје, односно дел од населба Пролет, јавните институции и другите објекти лоцирани на кејот на реката Вардар, плоштад Карпошово Востание, Веро Џамбо, дел од корисниците лоцирани кај Зелен Пазар, како и дел од корисниците од населба Кисела Вода од зграда Пегла до објектот на технички преглед. ( општина Центар и Кисела Вода )

-во периодот од 07.30 до 15.30 часот, продавниците лоцирани на пластичарската улица на пресек со ул. Исмаил Кадаре, корисниците од улиците Исмаил Кадаре и Кумбара, како и дел од корисниците од улиците Кримска и 138. ( општина Чаир )

– во периодот од 07.50 до 15.30 часот, корисниците од село Кучково. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, каменоломите на Титан Беровиќ и Гама Градба, корисниците од селата Осинчани, Елово, Црн Врв, Малчиште и Маркова Сушица, ( општина Студеничани ) Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Ракотинци и Добри Дол, како и објектите на ловиштето Јасен. ( општина Сопиште )

– во периодот од 08.30 до 13.30 часот, корисниците од село Добри Дол, лоцирани на потегот од црквата кон град Скопје.( општина Сопиште )

– во периодот од 08.30 до 18.00 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Света Петка, Чифлик и Говрлево, како и сите стопански и нестопански објекти на тој потег. (општина Сопиште )

– во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Бернард Расел. (општина Ѓорче Петров )

Коронавирус