среда, 30. септември 2020. Вести денес: 19
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини денес без вода

Делови од повеќе скопски општини денес без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека за денес се планирани повеќе прекини во водоснабдувањето во главниот град во неколку општини.

• Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречик од Ф-350мм на ул. Благоја Стевковски бр. 25, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите: Триангла, Маџари, Хиподром, Трубарево и објектите во кругот на Кванташкиот пазар. ( Општина Гази Баба )

• Поради отстранување дефект на затварач на водоводна мрежа со пречник од Ф-600мм на ул. Кеј Димитар Влахов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на МКЦ и МРТВ, додека со намален притисок на водата ќе бидат корсниците од населбите: Автокоманда и Маџари. ( Општина Центар и Гази Баба )

• Поради отстранување дефект на приклучна цевка со пречник од Ф 1 цол, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Добри Дол. ( Општина Сопиште )

• Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник Ф 150 мм на ул. Востаничка, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Востаничка и Баница. ( Општина Кисела Вода )

• Поради отстранување дефект на приклучна цевка со пречник од Ф 1 цол, од 12:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од с. Ракотинци. ( Општина Сопиште )

Коронавирус