вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе општини во Скопје утре без струја

Делови од повеќе општини во Скопје утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека утре (среда) се планирани поголем број технички зафати во електро-системот на Град Скопје. Без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

• во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. Браќа Чакреви од бр. 1 до бр. 15, ул. Христо Батанџиев од бр. 56 до бр. 79 и корисниците од ул. Депа Кајова од бр. 1 до бр. 28. (Општина Ѓорче Петров)

• во перидот од 08:30 до 10:30 часот корисниците од ул. 1 бр. 11 во с. Горно Соње. (Општина Сопиште)

• во периодот од 09:00 до 14.00 часот корисниците од дел од селата Волково, Никиштани и Орман и фирмите Асфалтна база Гранит, ГП Техника, ГП Ударник, Водостопанство Вардар, ф-ка Карпош, Асфалтна база Дарс, Речко и ГП Гранит Лепенец. (Општина Ѓорче Петров)

• во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците со броеви 81, 87 и 89 со споредните улички во с. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

• во периодот од 12:30 до 15:00 часот корисниците од улицитге Трнодол, Кнез Хацон, Кнез Трпимир и Поп Богомил. (Општина Карпош)

• во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од улиците 7 и 9 и место викано Коштан во с. Горно Соње. (Општина Сопиште)

• во периодот од 08:45 до 11:30 часот корисниците од селата: Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Маркова Сушица, Добри Дол, Ракотинци, Горно Соње, Долно Соње, Говрлево, Чифлик, Света Петка и објектите и фирмите: каменолом Техно Павер, каменлом Мис Вато, ХЦ Козјак, ловиште Јасен, ПЦЦ Хидро во с. Патишка Река, каменолом Гама Градба, каменолом Беровиќ, Сковин и воениот објект во с. Горно Соње. (Општини Студеничани и Сопиште)

Коронавирус