сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од општините Карпош, Ѓорче, Центар и Аеродром утре без струја

Делови од општините Карпош, Ѓорче, Центар и Аеродром утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре, вторник, се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје, па без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

• во периодот од 08:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 102 и околните улици во с. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

• во периодот од 08:30 до 10:30 часот корисниците од дел од ул. Јуриј Гагарин со подулицата бр. 4 и ул. Миле Поп Јорданов. (Општина Карпош)

• во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Лисиче (кај мостот), улиците Горно Лисиче, Горноврановска, Божидар Рајковиќ и дел од ул. Ѓорѓи Капчев (кај паркот Бановина). (Општина Аеродром)

• во периодот од 09:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Киро Гавриловски, дел од ул. Козара и основното училиште Киро Глигоров. (Општина Центар)

Коронавирус