Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денес поради неопходна интервенција во трафостаницата во пумпна станица Гази Баба, во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без вода или со намален притисок во водоснабдувањето ќе останат корисниците од Гази Баба и Железара, како и дел од корисниците од населбите Автокоманда и Чаир.
