сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Скопје

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

Како што соопшти РЦУК Скопје по исвестување од „ЕВН Македонија“ во периодот од 10:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Славејко Арсов и Христо Чернопеев, а од 09:30 до 10:30 часот корисниците од дел од ул. Козара од бр. 2 до бр. 32 и околните објекти во Општина Центар.

Без електична енергија во периодот од 08:45 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Томе Арсовски, Антон Попов, Димо Хаџидимов и објектите во непосредна близина (Општина Кисела Вода), од 08:45 до 15:00 часот корисниците од селата Идризово, Мралино и дел од Кадино, месноста Дрма и фирмите Пивар, Мак Лифт, Мајами и Мак Петрол – Идризово (Општина Гази Баба)

Во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. Милан Мијалковиќ, односно во периодот од 11:30 до 14:00 часот корисниците од улиците Томе Арсовски и Антон Попов во Општина Кисела Вода, а во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Пелагонија во Општина Шуто Оризари.

Коронавирус