четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 111
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Горно Соње, Сарај и Карпош денеска без струја

Делови од Кисела Вода, Горно Соње, Сарај и Карпош денеска без струја

Корисниците од населбата Усје, дел од корисниците лоцирани во околината на Агрометал и Партисервиси Лео, како и објектот на Мерцедес Бенз во Усје, општина Кисела Вода денеска од 8:30 па до 15:00 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе останат и корисниците од улицата „12“ во село Горно Соње, од  9:00 до 14:00 часот, трговските објекти пред влез на езеро Треска во село Сарај, а од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Невеска“ бр.2 и бр.4 во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Коронавирус