сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 19
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Центар и Карпош утре без струја

Делови од Кисела Вода, Центар и Карпош утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат делови од неколку скопски општини.

• Во време од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Ефтим Спространов од бр. 27 до бр. 50, ул. Лазар Димитров од бр. 21 до бр. 31, ул. Трајко Иванов, ул. Лав Толстој, ул. Петар Драпшин, потег од ул. Трајко Иванов до ул. Спиро Гулапчев, ул. Добромир Хрс од бр. 23 до бр. 39, трговски центар и урбана заедница на ул. Петар Драпшин, како и корисниците од дел од улица Методија Патчев и околните улички (опш. Кисела Вода),

• во време од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од дел од ул. Козле 2А и околината (опш. Карпош)

• од 09.00 до 10.00 часот корисниците од ул. Ганчо Хаџипанзов, дел од Ул. Питу Гули, Ул. Капиштец, Ул. Димитар Пандилов (опш.Центар)

• од 09.00 до 15.00 корисниците од ул. Орце Николов бр. 98, ул.8-ми Март бр. 20 (опш. Центар)