недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Аеродром и Студеничани утре без струја

Делови од Кисела Вода, Аеродром и Студеничани утре без струја

Во периодот од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Иван Хаџиниколов“, спроти Зур-маркет во населбата Драчево.

Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „АВНОЈ“ броевите 54, 56, 58 и 60 и објектите во близина, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во скопското село Батинци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Коронавирус