вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Скопје

Делови од Карпош утре ќе останат без вода

Делови од Карпош утре ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известуваат дека на ден 03.09.2021 година (петок), во два наврати ке има прекин во водоснабдувањето и тоа:

-поради изведување на водоводен приклучок на цевка од фи 80 мм на ул. Букурешка бр. 129, на ден 03.09.2021 година (петок) во време од 09.00 часот па се до завршување на работите, со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од ул. Букурешка и дел од ул. Париска. (о. Карпош) и

-поради изведување на водоводен приклучок на цевка од фи 80 мм на ул. Џумајска бр. 2, исто така на ден 03.09.2021 година (петок) во време од 09.00 часот па се до завршување на работите со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од парните броеви од ул. Џумајска и тоа од бр. 2 до бр., 30 (о. Карпош).

 

 

Локални избори 2021