понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани утре без струја

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 11:30 до 14 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од Кондово и Водовод во село Љубин.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани, а од 8:30 до 11:00 часот корисниците од Караула Чашка, Геолошки Силекс, селата Грачани, Кондово, викенд населбите Веле поле и Кучково во општините Ѓорче Петров и Сарај.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Коронавирус