недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Скопје

Делови од Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Делови од Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Од 8 до 10 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од скопското село Орман, потегот од магистралниот пат кон граничниот премин Блаце во општина Ѓорче Петров.

Во временскиот период од 9 до 14 часот без струја ќе биде селото Орман, основното училиште „Јоаким Крчоски“, селото Никиштани и дел од селото Волково.

Од 10 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Архитект Никола Добровиќ“ бр. 1 во општина Центар.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.

МИА

Коронавирус