петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 50
home Скопје

Делови од Чаир, Кисела Вода, Аеродорм и Центар утре без струја

Делови од Чаир, Кисела Вода, Аеродорм и Центар утре без струја

Од ЕВН Македонија АД, известуваат дека на ден 18.10.2019 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Во периодот од 08.15 до 10.00 часот, корисниците од улиците Атанас Бабата, Самарџиска, Кујунџиска, Ковачка и Јосиф Михајлов, како и објектите на Музеј на Македонија и Куршумли Ан. ( општина Чаир )

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулици од бр.35 до бр.45, како и подулиците во близина на подулица 100. ( општина Аеродром )

– во периодот од 08.45 до 10.30 часот, корисниците од улиците Трајко Иванов, Добромир Хрс од бр.23 до бр.39, Петар Драпшин – на потегот од Трајко Иванов до Спиро Гулапчев, Лазар Димитров од бр.21 до бр.31, Лав Толстој, Ефтим Спространов од бр.27 до бр.50, објектите во трговскиот центар и урбаната заедница на ул. Петар Драпшин. ( општина Кисела Вода )

– во периодот од 11.30 до 15.30 часот, корисниците од улица Битолска, како и објектите лоцирани во близина на Веро Џамбо. ( општина Центар )