четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Центар, Карпош и Ѓорче во понеделник без струја

Делови од Центар, Карпош и Ѓорче во понеделник без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека на ден 12.11.2018 година (понеделник), заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Македонска Преродба. (Општина Ѓорче Петров  )

Корисниците од дел од ул. Максим Горки, од Тренд кафе до Слаткарница Марфи во Општина Центар, ќе останат без електрична енергија од 10 до 13 часот, додека од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Лондонска згр. бр. 46,  објектите околу Пазарчето Тафталиџе и ул. Московска згради, бр. 5 и бр. 7. ( Општина Карпош )

Без струја од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од  дел од ул.Исаија Маџовски. (Општина Ѓорче Петров )

 

Коронавирус