недела, 9. август 2020. Вести денес: 70
home Скопје

Делови од Центар и Бутел без вода

Делови од Центар и Бутел без вода

Поради дефект на ул.Хо Ши Мин 179а во населба Бутел 1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 02:30 часот а ќе трае до санирање на дефектот на кој ќе почне да се работи од 08:30 часот.

Поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник ф-100 мм на ул. Христо Чернопеев бр. 8, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. ( Општина Центар )

Коронавирус