вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 51
home Скопје

Делови од Бутел и Радишани утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода

Делови од Бутел и Радишани утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода

Корисниците од населбите Бутел-1 и Радишани, како и стопанските субјекти на ЕВН, Железничка станица Скопје Север, Еуро Табак, Едел-Пром, Фурна Диме и Шкода лоцирани на северната страна на улицата „Босна и Херцеговина“ утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Ј Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабудвањето е поради планирана техничка интервенција на трафостаница во Пумпна станица Бутел.